Одржлив развој
![]() погледнете го видеото "Одржливост" |
||
Шуми |
Дрвјата - обновлив или необновлив извор на енергија?
Дрвјата се обновлив извор на енергија, затоа што дрвото што сме го исекле може да се замени со ново. На плантажите исечените дрвја се заменуваат со нови секои десетина години.
Сепак, на многу шуми им се потребни стотици години за да се обноват и тие не можат брзо да се надоместат.
Зошто се сече шумата?
Неодржливо управување со шумите се случува кога на местото каде што се исекле дрвја, нема да се засадат нови. Шумите во некои земји се сечат од следниве причини:
Шумите и биодиверзитетот
Дрвјата имаат исклучително важна улога во екосистемите. Тие се извор на храна и дом на милиони видови птици, животни и инсекти. Кога ќе се исече некое дрво, цели заедници на живи суштества што живееле во дрвото и околу него се уништени.
Шумите се многу важни и за луѓето. Тие се извор на храна, извор на лекови и градежен материјал, и помагаат во одржувањето на чист воздух и вода. Шумите обезбедуваат дом за 50% до 90% од вкупната светска популација на растителни и животински видови! Заедницата на шумите и живиот свет во нив ја регулира атмосферата на земјата и нејзината температурата кои се од витално значење за здравјето на нашата планета.
Шумите и ерозијата
Кога со булдожери ќе се израмни некоја површина која била пошумена, земјата останува изложена на влијанието на водата и ветерот. Оваа област бива измиена или издувана, и често завршува во водите кои стануваат непогодни за живот. Овој процес се нарекува ерозија.
При ерозија се измиваат површинскиот слој на почвата и хранливи состојки во него и земјата станува неплодна. Кога ќе се расчистат шумите кои се наоѓаат во близина на некоја пустина, пустината почнува да се проширува на расчистеното земјиште.
Во случај да има многу дождови на местата каде што нема шума која би ја апсорбира течноста, доаѓа до поплави. Поплавите прават големи штети на посевите и илјадници луѓе секоја година поради поплавите остануваат без дом.
Шумите и глобалното затоплување
Јаглерод диоксид настанува од согорувањето на фосилни горива и остатоците од исечените шуми. Овој гас ја задржува топлината во атмосферата на Земјата при што се јавува ефектот на стаклената градина. Во иднина, глобалното затоплување ќе претставува голем еколошки проблем.
Шумите се голем прочистувач на воздухот. Тие го земаат јаглерод диоксидот од атмосферата и го претвораат во храна, а кислородот што го ослободуваат луѓето и другите животни го користат за дишење! Шумите понекогаш се нарекуваат складови на јаглерод затоа што имаат способност да го апсорбираат.
Кога се сечат шумите, се случуваат две работи: прво, нема повеќе дрвјата кои ќе го апсорбираат јаглеродниот диоксид. Второ, кога местото на кое е исечена шумата ќе се запали, количеството на јаглерод диоксид во атмосферата се зголемува.
Шумите и заштита од поплави
Дали сте знаеле дека повеќето вода за пиење се наоѓа под земјата? Кога врне, водата минува низ повеќе слоеви на земјата, по што почнува да се собира во големи природни базени.
Зошто не доаѓа до драстично зголемување на нивото на водата секогаш кога врне дожд? Како што дрвјата растат сè повеќе нивните корени продираат подлабоко во земјата и ја "пијат" водата со што се одржува постојано нивото на водата. Кога ќе се исечат дрвјата, нема кој да го одржува нивото на водата, таа продолжува да се акумулира, се зголемува нивото на вода и може да се јават поплави.
Да ги зачуваме шумите
Некои влади донесуваат закони кои ќе обезбедат зачувување на шумите, но постојат работи што секој од нас може да ги направи индивидуално:
Шуми - факти и бројки
© Web Design: UnaDesign