Одржлив развој
![]() погледнете го видеото "Одржливост" |
||
Фосилни горива |
Кои горива се фосилни?
Постојат три главни форми на фосилните горива - јаглен, нафта и природен гас (плин). Сите три се создаваат длабоко во земјата од остатоците на старите животни и растенија. Во текот на милиони години овие остатоци биле затрупани со слоеви на карпи и со бавно распаѓале се претвориле во фосилни горива.
Фосилните горива - обновливи или необновливи ресурси?
Фосилните горива се необновливи ресурси, бидејќи потребни се милиони години за да се надоместат потрошените количества.
Рударство (експлоатација) на фосилни горива
Сите фосилни горива треба да се извадат од местото каде што настанале, длабоко под површината на Земјата. Рударството и транспортот на фосилните горива треба да се прави со големо внимателно за да се избегнат несакани ефекти врз човекот и животната средина.
Јагленот се копа во рудници. Големи количини на карпи се отстрануваат и прочистуваат, со цел да се добие јаглен.
Низ историјата, рударството ја загадувало земјата, водата и воздухот. Денес, благодарение на позитивните законски прописи, рударството мора да се спроведува на начин кој нема да му наштети никому.
Вадењето или екстракцијата на нафта е преку дупчење кое мора да биде направено внимателно за да се избегнат катастрофални последици на загадување.
Откако ќе се извлече од земјата, нафтата се транспортира со танкери или со водови. Несреќните случаи во кои доаѓа до истекување на нафтата од танкерите прават непоправлива штета на животната средина и на човекот.
Согорување на фосилните горива
Со согорување на фосилните горива се добива топлина, енергија што ги движи транспортните средства и електрична енергија. Без уреди за контрола на загадувањето, горењето на фосилните горива би испуштало големи количини на отровни гасови. во атмосферата. Со согорување на фосилните горива се добива јаглерод диоксид. Овој гас влијае на затоплување на Земјата т.е. на ефектот на стаклената градина. Затоа мора да се обидеме да се намалиме употребата на фосилни горива со намалување на потрошувачката или изнаоѓање на алтернативни извори на енергија.
Зачувување на енергијата
Користењето на фосилните горива може да се намали со зачувување на енергијата. Ова се постигнува со:
Фосилни горива - факти и бројки
© Web Design: UnaDesign