Едукацијата за вредностите, човековите права и демократијата ќе се одвива етапно преку чекори чија содржина ќе се презентира на web страната последователно. Учество во работата на чекорите можат да земат само учесниците кои се логирани.
Тие ќе го искажат своето мислење во однос на содржините кои се
презентирани во чекорите. Исто така учениците можат да креираат и уметнички
творби на темите: човекови права, заеднички вредности и демократија. Чекор 3 : Вредност: живот. Право на живот “Mignonette”(Изведбата на овој чекор е направена според замислата во “Understand the Law”, стр.11, The Citizenship Foundation, 1994.) Цел: Активностите во овој чекор им помагаат на учесниците да размислат како човековите правата во пракса функционираат ; како најголемата вредност за човекот – животот е подеднакво значајна за сите луѓе. Главни точки при учењето: Животот претставува најголема вредност за човекот. Сите други вредности немаат значење ако не сме живи. Животот на човекот претстава и него право согласно на Конвенцијата за права на децата (чл.3) усвоена на Ганералното собрание на Обединетите Нациии, 20 ноември 1989 година. Право на животСекое дете со самото раѓање има право на живот. Животот на детето е неприкосновен, а државата има обврска да го осигури детскиот опстанок. Чекор 4 – “Mignonette” продолжение Чекор 5 – “Mignonette” крај Чекор 6 - Вежба за градње на личноста во која се користи креирана ситуација. Чекор 7 - Вежба за развој на хумани чувства кај младите и изнаоѓање на практични решенија. Чекор 8 - Продолжение на вежбата за развој на хумани чувства и изнаоѓање на практични решенија. Чекор 9 - Работа на вредноста - ненасилство. Чекор 10 - Овој чекор кој се однесува на еднаквоста на луѓето ја користи дискриминацијата со која се соочуваат жените и малцинствата за да го сврти вниманието кон неправдите кои се случуваат секојдневно. Целта на оваа вежба е да покаже дека во низа секојдневни ситуации се прекршуваат човековите права и дека тоа треба да се надмине. Чекор 11 - Продолжение на вежбата за еднаквоета меѓу луѓето.
|