5R Концепт
5R концептот е практичен надградба на одржливиот развој и дава многу конкретни предлози за одржлива иднина.
|
 |
Рециклирај
|
Челик
Што е челик?
Челик е заедничко име за железо кое содржи мали количества на јаглерод, магнезиум, варовник, јаглен и челични струготини. Челикот се користи за правење на различни производи, а неговите својства може варираат во зависност од составот.
Постојано се произведат нови видови на челици кои се полесни, поцврсти, потенки и помалку штетни за животната средина.
Својствата на челикот се менуваат со додавање на други хемиски елементи. Магнезиумот се додава за издржливост, волфрам и кобалт се додаваат за цврстина, додека јаглерод се додава за да се зголеми цврстината, но да се намали крутоста.
Проблем се јавува при реакција на челикот со воздухот и водата и солта. Овој процес се нарекува корозија или 'рѓосување. Веројатно сте виделе како тоа изгледа на велосипеди кои биле оставени на дожд. ‘Рѓата може да се спречи на два начина:
- легури - додавање на хемикалии кои можат да ги променат својствата на челикот. Нерѓосувачки челик содржи елементи на хром, никел и молибден, што го прави челик нерѓосувачки. Тенџерињата за готвење и тавите често се изработени од нерѓосувачки челик, како и мијалниците.
- нанесување на слоеви – челикот може да се покрие со различни слоеви на други материјали како што се: металите калај или цинк, пластика, или да се премачка со боја. Челичните конзерви обично се третираат со калај, со цел во внатрешноста да се зачува храната и од надвор да не ‘рѓосува .
Насоки за рециклирање на челик
- Повеќето челични конзерви се погодни за рециклирање. Тука спаѓаат конзерви за храна, кафе, бои, нафта, капаци од стаклени тегли и аеросол шишиња.
- Челичните конзерви пред да се остават за рециклирање треба да се измијат и во нив да се стават капачињата.
- Конзервите со аеросол пред да се остават за рециклирање, треба да се испразнат до крај.
- Ако постои можност за прифаќање на конзерви во кои имало боја, тогаш пред да се остават за рециклирање треба да се остават да се исуши бојата во нив.
Рециклирањето на челикот помага во намалување на големината на депониите и претставува вреден ресурс за челичарниците. Користењето на стариот челик за да се создаде нов помога во зачувувањето на природните ресурси и енергијата.