5R Концепт
5R концептот е практичен надградба на одржливиот развој и дава многу конкретни предлози за одржлива иднина.
![]() |
|
Рециклирај |
Текстил
Што е текстил?
Текстил е облека направенa од влакна, рачно или машински исплетени. Историски гледано, повеќето од овие влакна биле претежно од растително или животинско потекло. Денес, многу влакна се произведени по вештачки пат со различни хемиско - технолошки методи.
Од растителни извори се добива најголем дел од материјалот за изработка на нишки. Од памучни нишки се добива мек материјал кој многу се користи за правење облека, ќебиња и крпи.
Најчесто користено животинско влакно е волната. Најчесто волната се добива од овци, иако волна може да се добие на од кози и други животни. Од волна се изработува топол и мек материјал од кој се прават одела и џемпери. Друго животинско влакно е свилата. Свилените долги нишки се добиваат од пеперутки - свилена буба. Свилените ткаенини се многу убави и се користат за правење шалови, врски и фустани.
Вештачките влакна најчесто се направени од дрвена каша или петрохемиски производи. Некои од влакната добиени од петрохемиски производи (нафта и природен гас) се најлон, полиестер и полиакрил. Овие влакна се многу цврсти и се користат за изработка на облека како и теписи и мебел. Често, овие влакна се мешаат со природни влакна.
Насоки за рециклирање текстил
Сè она што го облекуваме или во што спиеме може да се рециклира. Тука влегува целата облека, капи, завеси, крпи, чаршафи и чевли. Не заборавајте дека пред да се рециклира облеката треба да се испере.
Запомнете дека контејнери за собирање на облека се многу важен дел од процесот на рециклирање. Не ги користете како канти за отпадоци. Ставете во нив само она што може да се рециклира.
Интересно за текстилот
© Web Design: UnaDesign