5R Концепт
5R концептот е практичен надградба на одржливиот развој и дава многу конкретни предлози за одржлива иднина.
|
 |
Рециклирај
|
Електроника
Што е електронски уреди?
Електронски уреди се направи кои се напојуваат со електрична енергија. Тие се важен дел од нашето секојдневие, но тие често имаат многу краток век. Многу од нив содржат токсични метали и други хемикалии. Најдобар начин да се справиме со овој отпад е или повторна употреба или рециклирање.
Некои од електронски уреди што најмногу се користат се:
- Компјутери - вклучувајќи монитори, печатари и скенери.
- Апарати за домаќинство - вклучувајќи машини за перење, системи за ладење и климатизери.
- Факс машини и фотокопири.
- Мобилни телефони, батерии.
- Телевизори, видео и DVD плеери и конзоли за игри.
Зошто се рециклира електрониката?
- Електронските уреди, кога ќе престанат да се користат стануваат отпад кој најбрзо се зголемува и е еден од најтоксични видови на отпад. Со напредокот на технологијата циклусот за купување , користење и фрлање на електронските уреди се забрзува.
- Електронските уреди содржат мали количини на токсични метали како што се кадмиум, олово, жива и никел. Овие метали се нарекуваат тешки метали. Ако овие уреди се фрлат во животната средина, тие можат да ја загадат почвата и воздухот со тешки метали. Некои електронски уреди содржат материјали кои при горење испуштаат високо токсични гасови.
Најбезбеден метод за отстранување на овој отпад е да се стави во посебни контејнери за рециклира. Овој вид на заштита придонесува ретките материјали да не станат отпад.