5R Концепт
5R концептот е практичен надградба на одржливиот развој и дава многу конкретни предлози за одржлива иднина.
![]() |
|
Рециклирај |
Рециклирање на хартија
Што е хартија?
Хартија се прави од мрежа на многу тенки влакна. Овие влакна доаѓаат од различни растенија, во зависност од тоа каков вид на хартија ни треба и кои растенија ни се достапни. Дрвјата се главен извор на растителни влакна, но може да се добијат и од слама, бамбус и шеќерна трска.
Првата употреба на хартија сè среќава пред 4000 години, кога Кинезите направиле посебен вид на ткаенина на која ги сочувале своите цртежи и зборови. Хартија изработена од растително потекло, за прв пат е направена од страна Tsai Lun, службеник во дворот на кинескиот цар, 105 години пред нашата ера.
Како луѓето почнале сè повеќе да патуваат низ светот, рачната изработка на хартијата почнува да се шири во светот, сè до 115. година кога во Шпанија била изградена првата фабрика за хартија. Во Англија во 1800. година започнало сериското производство на хартија.
Од тогаш, сè повеќе и повеќе се произведуваат различни производи од хартија. Само некои од тие производи се: канцелариска хартија, марамчиња, весници, списанија, книги, телефонски именици, производи за пакување и картонски кутии.
Рециклирање на хартија и картон
Следниве производи од хартија и картон може да се рециклираат: весници, списанија, рекламини брошури, писма, телефонски книги, картон и картонски кутии, влошки за јајце и коверти.
Производи од хартија и картон што не можат да се рециклираат т.н. масна хартија се: пластифицирани хартиени кеси, марамчиња и термичка хартија за факс-машини.
Нови и рециклирани влакна
Отпадна хартија може да се рециклира само пет до десет пати пред да го распадне. Еден лист хартија не може да се рециклира бесконечно пати затоа што влакната во него се кршат и не можат повеќе да ја одржат стабилна мрежата која ја сочинува хартијата. Затоа, во секој лист хартија мора да се додадат свежи, нови влакна за да се задржи квалитетот на хартијата. Овие влакна најчесто доаѓаат од дрвјата.
Хартија за весници
Хартијата за весници обично не се изработува директно од исечени дрвја, туку повеќето доаѓа од:
Картонски кутии
Фабриките за хартија се разликуваат по тоа каков вид на хартија произведуваат. Некои користат стари весници и со рециклирање добиваат нова хартија. Други користат искористена канцелариска хартија за да направат нова или изработуваат книжни марамчиња. Некои фабрики пак работат само со стар картон и прават нови картонски кутии. Канцеларискиот отпад, весниците и списанијата може да се рециклираат во картонски кутии, но стариот картон не може да се рециклира во нова канцелариска хартија или весници.
Набран картон се изработува од три слоеви на хартија – горен слој, долен слој и еден слој во средината што дава цврстина на картонот. Друг тип на картон изгледа како да има само еден слој, а всушност се состои од речиси седум слоеви заедно залепени.
Некои од картоните се толку цврсти што може да се користат за правење мебел, големи кутии, па дури и куќичка за куче. Ова значи дека рециклираната хартија може да се користи за да се изработат работи за кои би ни биле потребни метал или дрво.
Повеќеслојна амбалажа (Tetrapak)
Млекото и разните овошни сокови се спакувани во посебно пакување што обично се нарекува тетрапак.
Имајќи предвид дека оваа амбалажа содржи некои други материјали, освен влакна, таа не може да се рециклира на ист начин како хартијата. Оваа амбалажа мора да се складира одделно од хартијата, како што е случај со лименките и шишињата.
Постојат два вида на тетрапак пакување:
Пластифициран картон
Овој вид на амбалажа се состои од еден слој на картон, кој од секоја страна е покриен со слој на пластика. Пластиката се нарекува полиетилен и таа ја штити хартијата од влага. Ова пакување се користи за чување на млеко и сок во фрижидер.
Асептички тули
Овие амбалажа се состојат од пет слоеви: еден од картон, еден од алуминиумска фолија, и три од пластика. Храната спакувана во оваа амбалажа не мора да се чува во фрижидер, бидејќи е целосно стерилизирана и запечатена од било какви атмосферски влијанија. Во овој вид на амбалажа се чуваат сокови, долгорочно млеко, сосови, супи, масла и други течности.
© Web Design: UnaDesign