банер

Музика: Beds Are Burning - Видео спот на тема за климатските промени

икона видео„Климатските промени се најголемиот хуманитарен предизвик со кој денес се соочува човештвото. Се работи за предизвик кој во своето срце носи голема неправда. Големите, развиени општества најмногу придонесуваат во глобалното испуштање на стакленички гасови чие влијание најмногу ги погодува најсиромашните и најслабо развиените земји." Ова е цитат на Kofi Annan кој започнал интересен проект за климатските промени.

Првата музичка петиција во светот претставува обработката на песната Beds are Burning на австаралиската група Midnight Oil, позната по своите активности во политиката и во екологијата. Оваа верзија на песната снимена е со цел да ја подигне свеста за глобалното затоплување во пресрет на Конференцијата на ОН за климатските промени, 2009 година во Копенхаген. Песната може да се симне бесплатно од интернет. Секое правземање се смета како „потпис“, односно знак на поддршка на компанијата "Tck, Tck, Tck", чија цел е да ги поттикне светските водачи да потпишат меѓународен договор за намалување на испуштањето на стакленички гасови. Кампањата Tck Tck Tck ја имаат потпишано повеќе од милион луѓе.

 


© Web Design: UnaDesign