банер

Вода

вода
Водата е важен ресурс

Водата што ја користиме во нашите домови доаѓа од реки, резервоари, езера, а понекогаш и од земјата (подземните води). Ако црпеме премногу вода од едно место, тоа може да ја промени рамнотежата во екосистемот. Рибите и другите животни може да бидат погодени од оваа промена на рамнотежата, површинскиот слој на земјата може да биде уништен, а водата може да го промени квалитетот и да не биде добра за пиење.
Водата е обновлив ресурс, но само ограничени количини на вода за пиење може да се користат во одреден временски интервал. Заштедата на вода е важна, па затоа во реките, резервоарите и езерата треба да оставиме колку е можно повеќе вода, за да го зачуваме нашето здравје.

Каде оди нашата отпадна вода?

Нашите тоалети, бањи, машини за перење и мијалници се поврзани со канализациски систем, во кој се собира т.н. црна вода. Канализацијата може да се состои од мали и големи цевки, пумпни станици и постројки за третман и оваа вода. По третманот, отпадна вода е изчистена од хемикалии и бактерии. Но, овој третман на вода е екстремно скап и неодржлив. Благодарение на истражувањето на луѓето кои се грижат навистина да ја заштитат водата и обезбедат соживот со природата, развиени се решенија кои се во поголем склад со природата во однос на комерцијалните и скапи решенија.
Во земјите во кои нема канализација, канализациската (црна) вода најчесто директно се излева во реките и морињата, правејќи при тоа разни видови на штета во животната средина.

 


© Web Design: UnaDesign