банер

Проект - Децата во акција за почиста околина

Меѓу најголемите проблеми на современиот свет се вбројува и енормното создавање на отпад, како и намалување на енергетските ресурси. Со цел да ја зачуваат животната средина луѓето сè повеќе размислуваат за повторно искористување на материјалите кои го изгубиле примарното значење, односно стануваат сè посвесни за значењето на процесот на рециклирање и повторно користење ( second hand). Колку повеќе рециклираме, толку помалку ја загадуваме околината, а воедно и штедиме електрична енергија. На овие теми – селектирање на отпадот, повторно користење на материјалите и ефикасно користење на енергијата учениците од основните училишта на Општина Карпош ќе земат учество во креативните работилници во проектот ДЕЦАТА ВО АКЦИЈА ЗА ПОЧИСТА ОКОЛИНА во организација на Интерактивна мрежа за образование и ресурси - ИМОР и Општина Карпош.

лого на ИМОРлого Општина Карпош

Проектот има цел да ја подигне и зајакне свеста за непроценливата важност на чистата и убавата средина неопходна за физичкото и психичкото здравје како најважни аспекти на живеењето. Имајќи во предвид дека свеста за било кое прашање најинтензивно се развива на млада возраст, целна група на овој проект пред сé се децата, а индиректно и сите граѓани од општина Карпош. Во проектот ќе учествуваат ученици од шест основни училишта на територијата на Општина Карпош со различна национална, верска, социјална и друга припадност. Основни училишта кои ќе бидат вклучени во проектот се:

Учениците ќе бидат вклучени и во истражувачка работа во која ќе се испитува ставот на граѓаните од Општина Карпош кон ефикасно користење на енергијата, рециклирање и повторна употреба на ресурсите (second hand)

 


© Web Design: UnaDesign