банер

Направи сам

Куќичка за птици

Денес повеќето птици се загрозени од влијанието на човекот како во урбаните средини така и во руралните средини. Шумските птици поради својот начин на живеење и улугата во ланецот на исхрана се добар индикатор за состојбата во биодиверзитетот. За клукајдрвците особено значење имаат старите шуми со голем број на суви дрвја во кои овие птици се гнездат и наоѓаат храна. куќичка за птици Современите методи за уредување на шумите вклучуваат редовно сечење на сувите, празни и оштетени стари стебла, па денес природните дупки се многу ретки во шумите. Во последните стотина години значајно се намалени површините обраснати со стари стебла. Недостатокот на природните дупки кои служат како живеалиште на птиците може да го ублажиме со изработка на куќички за птици.
Куќичките за птици можат да имаат различен облик и да се направат од различен материјал. Можат да се постават во градини, овоштарници и шуми. При поставување на куќичките за птици треба да се внимава на нивната меѓусебна одалеченост. Клукајдрвците се територијални птици, па ако куќичките се многу блиску една до друга, ќе останат празни. При изработката на куќичките за птици обидете се да размислувате како птиците и уредете го нивниот дом според нивните мерила за убавина. Шарени, многу обоени куќички за нас би биле интересни, но птиците во нив нема да се чувствуваат заштитено.
Куќичките за птици се прават од суви и необработени даски со дебелина од 20 mm. Предната страна на куќичката (врата) треба да се прицврсти на шарки за да може да се чисти куќичката после гнездењето на птиците. Кровот треба да е накосен за да се овозможи истекувањето на водата од врнежите. Отворот на куќичката треба да биде завртен кон исток или југоисток. Куќичките најдобро е да се поставар во есен, а најдоцна до декември.
Скица за изработка на куќичка за птици
скица за изработка на куќичка за птици


идеи за кукички за птици

 


© Web Design: UnaDesign