банер

Енергија

енергија
Што е енергија?

Енергија е способноста на некое тело или маса на некоја супстанција да направи одредена работа. Енергијата ја користиме постојано. На пример ја користиме кога сакаме да придвижиме некоја машина, автомобил и друго превозно средство, за греење и ладење на нашите домови, за производство на електрична струја за осветлување и други работи во нашите домови, училишта и работни места.
Од ден на ден, потрошувачката на енергија постојано се зголемува. Во последните стотина години, потрошувачката на енергија се зголемила повеќе од двојно. Луѓето сé повеќе користат електрична енергија, повеќе патуваат и користат енергија за стотици различни потреби што го прават животот полесен.
Но, од каде доаѓа целата таа енергија? Поголем дел ја добиваме со согорување на фосилни горива какви што се јагленот, нафтата и плинот. Останатиот дел на енергија се произведува во нуклеарните електрани, хидроцентралите, или од некои други извори на обновлива енергија како што се ветерот и сонцето.

Добивање на енергија од фосилни горива

Фосилни горива какви што се јагленот и нафтата, се природни богатства што доаѓаат од земјата. Пред илјадници години, луѓето откриле дека со согорување на овие горива се добива топлина со која може да се загреат или да си подготват храна. Денес, ние исто така ги согоруваме овие горива за производство на електрична енергија или за движење на автомобилите.
Согорувањето на јаглен е наједноставен начин за производство на електрична енергија. При ова согорување се испушта во атмосферата голема количина на јаглероден диоксид кој придонесува за глобално затоплување, преку ефектот на стаклената градина.
Фосилните горива ги користиме и во форма на бензин или дизел гориво, за движење на автомобилите, автобусите и камионите. Овие транспортни средства во текот на летните месеци многу придонесуваат за загадувањето на животната средина.
Фосилните горива се нарекуваат. необновливи ресурси, а тоа значи дека откако ќе се потрошат не може да се надоместат со нови. Затоа во иднина резервите во потполност ќе бидат исцрпени.

 


© Web Design: UnaDesign