банер

Одржлив развој


погледнете го видеото „Одржливост“
Дефиниции за одржлив развој

Што е одржливост

Зборот одржливост доаѓа од англискиот збор „sustainable“, кој можеме да го поделиме на два дела со цел да стигнеме до неговото значење:
sustain =„продолжува/одржува"
able = "способност"
Значи, кога зборуваме за одржливост, зборуваме за можноста да продолжиме нешто.
Одржливост е можност Земјата, со сите свои ресурси да опстане во иднина и да продолжи да обезбедува здрави домови на луѓето, но исто така и за другите живи суштества кои живеат на неа.
Луѓето често ја дефинираат одржливоста како можност за користење на ресурсите на начин кој ќе им овозможи и во иднина да ги искористуваат, на ист начин и со ист интензитет.

Одржливост - Иднина

Начинот на кој живееме денес, ќе влијае врз опстанокот во иднина. На луѓето, животните и растенијата ќе им треба здрава планетата и после 1000 години, со доволно ресурси за нормален живот. Секогаш кога правиме нешто денес, мора да размислуваме за иднината.

Одржливост - цела планета

Без оглед на тоа каде живееме и колку пари имаме, сите зависиме од земјата, од храната, водата и сите други ресурси, кои доаѓаат од неа. Бидејќи планетата ни треба, за да опстанеме, мора да ја чуваме. Секоја промена што ја прават поединци, заедници или држави, влијае врз остатокот од светот.

Одржливост - грижа за ресурсите

Ресурсите на Земјата може да опстанат и во иднина само ако кон нив се однесуваме одговорно и трошиме само онолку колку што навистина ни треба.

Што се природни ресурси?

Природен ресурс го нарекуваме сè она што доаѓа од земјата - растенијата, животните, водата, дрвјата, нафтата и металите. Природните ресурси ги користиме за производство на електрична енергија, за одгледување на земјоделски култури и возење автомобили. Всушност, сè што јадеме, користиме или купуваме е направено од природен ресурс, или е природен ресурс.
Природните ресурси се насекаде околу нас и ние многу брзо ги искористуваме. Многу ресурси се исцрпуваат побрзо отколку што може да бидат надоместени со нови. Мора да не загрижува фактот дека некои ресурси целосно ќе се потрошат, ако не се намали нивната потрошувачка. Ова е сериозен проблем, бидејќи целиот жив свет зависи од овие ресурси.

Одржливост - Станува збор за споделување

Ресурсите што ни се на располагање сите мора да ги делиме подеднакво. Само така сите луѓе, како и сите растенија и животни можат да преживеат.

Како се распределуваат ресурсите во светот?

Денес, жителите на побогатите земји, како Канада, САД, Јапонија, Саудиска Арабија и Западна Европа претставуваат само 20% од населението во светот. Но, тие искористуваат повеќе од 80% од светското богатство и ресурси. Ова значи дека тие искористуваат поголемиот дел од светските резерви на енергија, произведуваат повеќе отпад и се најголемите загадувачи.

Дијаграмот ја покажува распределбата на богатствата:

распределба на ресурси во светот

Зошто нема доволно ресурси за сите?

Многу луѓе во светот денес немаат доволно храна и други ресурси за употреба. Овој феномен не е поради глобалниот недостиг од ресурси.
Денес се произведува доволно храна за да се нахранат сите жители на Земјата. Проблемот е во тоа што храната и ресурсите не се распределени рамномерно – побогатите земаат повеќе додека на сиромашните им останува малку.

Одржливост - активирај се

Секој е важен дел за одржливата иднина. Мора да живееме така што ќе ја зачуваме планетата здрава, и нема да ги истрошиме сите ресурси. Под ова се подразбира донесување на разумни одлуки во секојдневниот живот на одржлив начин. Секогаш и секаде кога сме во можност мора да размислуваме за одржливоста - дома, на училиште, на работа, па дури и кога сме на одмор.

Одржливост - не е во прашање само животната средина

Одржливоста зборува за начин на живеење кој е праведен и чесен кон секого, така што секој може пристојно да живее. Побогатите земји мора да се грижат за земјите кои не се во толку поволна позиција и да ги делат со нив ресурсите.
Некои од најзагадените места во светот, истовремено се и најсиромашните области. Но, тие луѓе имаат еднакво право на чист воздух, чиста вода, храна и топлина, како и луѓето од најбогатите земји.
Во минатото, богатите земји ги експлоатирале сиромашните земји кои им служеле како депонија. Ова не е одржлив начин, бидејќи отпадот не исчезнал, туку само се преселил на друга локација.
Размислувајќи за тоа како нашите активности влијаат врз другите, можеме да го подобриме квалитетот на животот на другите, но исто така и сопствениот.

 


© Web Design: UnaDesign