банер

Биодиверзитет

биодиверзитет
Како се истребуваат врстите?

Речиси сите истребувања се должат на човековата активност:

Исчезнувањето на живеалишта

Најчеста причина за истребување на некој вид е губењето на живеалиште. Уништувањето на шумите, сушењето на мочуриштата, градење брани на реките, претворање на ливадите во обработливо земјиште и изградбата на претходно ненаселено место се фактори кои влијаат на намалување на природните живеалишта. Повеќето видови се прилагодени да живеат само во конкретно живеалиште и не можат да живеат на друго место.

Воведување на неприродни видови

Неприродни видови се видови кои доаѓаат од други делови на светот и кои не припаѓаат на нашата средина. Овие животни и растенија често во новата средина неконтролирано се размножуваат и го преземаат живеалиштето и изворите на храна на природните видови. Многу природни видови се загрозени или истребени затоа што се убиени, некој друг им ја јаде храната, или го изгубиле нивното природно живеалиште поради новите воведени видови.

Лов и риболов

Некои животни, како волците, носорозите, тигрите и мечките се ловат поради нивната кожа, коски или други делови. На многу од овие големи животни им треба многу време за репродукција и затоа им се заканува истребување. Морските животни , на пр. китовите, исто така, се ловат заради нивното месо и кожа, и нивното прекумерно ловење доведува до брзо истребување.

Прекумерен риболов

Низ целата историја, човештвото ги користело океаните, езерата и реките како извор на храна. Во минатото, рибарите користеле традиционални методи на риболов, ловеле доволно риба за да ги прехранат своите семејства и да продадат еден дел од ловот за да заработат пари, но при тоа во водите останувало доволно риба. Денес, меѓутоа, рибарски чамци се сè поголеми и поголеми, се користат големи мрежи за риболов и се фаќа сè повеќе и повеќе риба. Во последните педесет години, поголемите чамци и новите технологии овозможиле сè полесен и полесен риболов. Сонар се користи за лоцирање на јата од риби, а долги, дури и по неколку километри мрежи се користат за да се фатат тони риба во еден замав. Во таков лов, се фаќаат и многу млади риби кои никогаш нема да пораснат за да бидат во можност да ја продолжат својата врста. Бројноста на рибите станува се помала и помала. Некои видови риби се блиску до потполно изумирање. Локалните рибари не можат да фатат доволно риба за да им конкурираат на големите рибарски компании.

 


© Web Design: UnaDesign