банер

Енергија

енергија
Нуклеарна енергија

Нуклеарните електроцентрали често се користат за производство на електрична енергија - особено во Северна Америка и Европа. Во нуклеарните електроцентрали се користи радиоактивно гориво за нуклеарни реакции при што се добива топлина. Топлината се користи за загревање на вода и за генерирање на пареа. Пареата ги движи турбините кои генерираат електрична енергија. Предноста на нуклеарните електроцентрали е во тоа што не произведуваат јаглерод диоксид или други штетни гасови во атмосферата.
Сепак, производ на нуклеарните реакции е нуклеарен отпад - често се нарекува радиоактивен отпад - што може да биде исклучително опасен ако неконтролирано се исфрли. Овој отпад е опасен со илјадници години и заради тоа за сето тоа време мора да биде безбедно складиран. Ако луѓето, растенијата или животните дојдат во контакт со овој отпад може тешко да се заболат. Исто така, постои опасност од нуклеарни хаварии кои ќе предизвикаат зрачење во животната средина. Изградбата и одржувањето на нуклеарните електроцентрали е многу скапа, па затоа нивната изградба е во опаѓање.
Постојат многу начини како да се избегне употребата на нуклеарната енергија. Најчестите се заштедата (користење само на неопходна енергија) и обновливите извори на енергија (ветер, сонце, геотермална енергија и други).

Енергија на вода

Во некои земји, меѓу кои е и Македонија, водата се користи за производство на електрична енергија. На реките и езерата се градат големи брани и енергијата на водата добиена од овие брани се носи на турбини кои се користат за добивање на електрична струја.
Добивањето на електрична енергија од вода не е пропратено со емисија на јаглерод диоксид или некои други состојки во животната средина. Сепак, браните може да имаат големо и штетно влијание врз животната средина. Текот на реките се нарушува со што домовите на многу живи организми се поплавуваат или уништуваат. Изградбата на големите брани може да има влијание и врз луѓето; заради некои брани изградени во Азија, многу луѓе биле принудени да бараат нови домови бидејќи нивните поранешни домови едноставно се нашле под вода. Постои ограничување во бројот на брани што може да се изградат на една река.
Малите хидроцентрали не доведуваат до поплави и како обновлив извор имаат свој придонес.
 


© Web Design: UnaDesign