банер

Енергија

енергија
Соларна енергија

Енергијата која се произведува од страна на Сонцето може да се користи за добивање на топлина, светлина, топла вода, електрична енергија, па дури и ладење.
Сончевите зраци може директно да се претворат во електрична енергија со користење на фотоелектрични ќелии. Малите фотоелектрични ќелии може да се користат за напојување на часовници и калкулатори, а поголемите фотоелектрични ќелии може да се користат за добивање на електрична енергија која ќе се користи во домовите, индустријата, па дури и за снабдување со електрична енергија на цел град. Производството на фотоелектричните ќелии е прилично скапо.
Сонцето може да се користи за загревање на водата или воздухот со помош на соларни грејачи. Соларните грејачи лесно се поставуваат на куќите и се одличен начин за бесплатно загревање на водата и воздухот од обновливи извори на енергија.

Енергијата на ветерот

Во ветровитите подрачја, големи турбини на ветер, наречен ветерни турбини се користат за искористување на енергијата на ветерот. Често се градат "фарми на ветер", каде што се поставуваат неколку турбини на ветер кои произведуваат електрична енергија.
Помалите турбини се користат за производство на електрична енергија што може да се користи во домовите или во мали населби. Некои турбини на ветер може да се користат за напојување со електрична енергија на пумпи за вода.
Недостатокот на турбините на ветер е тоа што треба да се постават многу високо и што создаваат бучава која негативно влијае на околината. Затоа треба да се внимава каде се поставуваат.
 


© Web Design: UnaDesign