банер

Направи сам

глава од трева

Глава од трева

Потребен материјал:
- семе од трева
- стари најлон чорапи
- земја (компост)
- чаша од јогурт
Исечи ја едната ногавица од чорапите. Остави малку подолго парче од ногавицата. Во неа стави една лажица семе од трева и врз него стави две шаки земја. На чорапата заврзи чвор за да неможе да излезе семето и земјата од неа. Преврти ја чорапата така што чворот ќе биде од долната страна, а семето од трева на горната страна. На чорапата нацртај уста, очи и нос. Чашата од јогурт наполни ја со вода (истури малку од водата) и во неа потопи го остатокот од чорапата. Во чашата секогаш треба да има доволно вода. Набљудувај како расте косата на главата од трева!!!

 


© Web Design: UnaDesign