банер

Вода

вода
Врнежи

Олуците на крововите од нашите куќи го сочинуваат системот за одвод на врнежи со што се спречува поплавувањето на куќите. Оваа вода не поминува низ било каков процес, туку директно оди во реките или на морињата. За жал, тоа значи дека целиот измет од кучињата, догорчињата од цигарите и другото ѓубре од улиците и тротоарите оди во реките и океаните. Нафтата и другите хемикалии од улиците заедно со врнежите може исто така да се излее во реките и океаните.
Многу е важно да не се излеваат хемиски бои, масла и детергенти во системот за одвод на врнежи.

Рециклирање на водата

Водата што поминала низ системот за прочистување може да се користи во градските паркови, спортските терени, полињата и градините. Дел од талогот што останува после прочистувањето на водата богат е со хранливи состојки и може да се користи како ѓубриво. Сепак, многу е важно да се отстранат сите хемикалии и бактерии, а тоа може да биде многу скап процес.
Никогаш во мијалниците не исфрлајте цврст отпад, хемикалии, маснотии или масло. Колку отпадната вода е почиста, полесно се рециклира.
Во некои земји како Велика Британија и Саудиска Арабија, каде што градовите се многу големи, а имаат ограничени водни ресурси, погоре опишаните отпадни води се рециклираат повторно во вода која се користи во домаќинствата!

Повторна употреба на водата

Отпадните води од нашите домови се нарекуваат сива вода. Тоа е водата што излегува од кадите за капење, машините за миење садови, машините за перење, и од кујните. Отпадна вода не вклучува вода која доаѓа од нашите тоалети, т.н.. црна вода. Некои домаќинства веќе имаат инсталирано системи за собрање на сивата вода која се депонирана во посебни контејнери, а подоцна се користи за наводнување градини или плакнење на тоалети. За да може да се користи сивата вода, важно е да не се исфрлаат остатоци од храна или масло во мијалниците од кујните.
Постојат голем број на практични решенија за соберање, зачувување и повторна употреба на сивата вода.

 


© Web Design: UnaDesign