банер

Вода

вода
Како да заштедиме вода во домовите?

Во бањата

При миење на забите не оставајте ја водата цело време да тече.
Не се тушитајте многу долго - 5 минути се доволни.
Инсталирајте тушеви што ја заштедуваат водата.
Туширајте се наместо да се капете.
Ако веќе се капете, наполнете ја кадата само до половина.
Кога купувате нов бојлер, купате го оној што е поефикасен и поекономичен.

Во кујната

Измијте ги садовите рачно секогаш кога тоа е можно. Измијте ги во мијалникот, а не под млаз вода.
Машина за миење садови вклучувајте само кога е целосно наполнета.
Кога купувате машина за садови, изберете модел што има највисок степен на искористување на водата.
Измијте го овошјето и зеленчукот во сад, а не под млаз вода.
Не одмрзнувајте ја храната под млаз од вода.

При перење

Машината за перење вклучувајте ја само кога целосно е наполнета.
Користете програми со најниска потрошувачка на вода.
Кога купувате машина за перење, изберете модел што има највисок степен на искористување на водата.
Запомнете дека машините за перење со врата на предната страна трошат многу помалку вода отколку машините за перење кај кои капакот е поставен на горната површина.

Во градината

Градината наводнувајте ја само кога навистина е потребно.
Градината наводнувајте ја полека, така што земјата може да ја апсорбира целата вода. Не наводнувајте во ветровити денови.
За време на жешките месеци, наводнувајте ја градината рано наутро или доцна навечер за да се намали испарувањето.
Користете систем за наводнување капка по капка.
Одгледувајте растенија кои во лето имаат помалку потреба од влага.
Користете "тајмер" за да избегнете прекумерна потрошувачка на вода.

Околу домот

При миење на автомобилот користете кофа и сунѓер, наместо млаз вода.
Измијте го автомобилот на трева, со тоа истата вода се користи за наводнување.
Кога го чистите пристапот до куќата користете метла наместо млаз вода.

Општи упатства

Проверете дали сите славини добро затвораат. Поправката на славините од кои капе вода заштедува големи количини вода, а не чини многу пари.
Внимателно анализирајте ги сметките за вода и обидете се да откриете како ја користите водата.

 


© Web Design: UnaDesign