банер

5R Концепт

5R концептот е практичен надградба на одржливиот развој и дава многу конкретни предлози за одржлива иднина.

5R концепт

Рециклирај


 

Алуминиум

алуминиум

Што е алуминиум?
Алуминиумот е на трето место по застапеност во Земјината кора. Се наоѓа во форма на алуминиум оксид . Во оваа форма тој нема изглед на метал. Алуминиум оксидот се копа како руда во рудниците која меѓу другото, содржи железо оксид и глина.
Алуминиум е откриен пред околу 200 години, но поминало доста време пред да се најде ефикасен начин за издвојување на алуминиум оксидот од рудата со цел да се добие метал што може да се користи.
Алуминиумот лесно се рециклира и во комбинација со други материјали се користи за добивање на нови производи.

Рециклирање на алуминиум
лименка Рециклирањето на алуминиумот е толку ефикасно што за помалку од 60 дена може да се собере старата амбалажа, да се растопи, направи нова и таа да се најде на полиците.
Алуминиумот не ги губи своите својства во процесот на рециклирање, што значи дека речиси бескрајно може да се рециклира.
Рециклирањето на алуминиумот се исплати затоа што се заштедува 95% енергија во споредба со добивање на алуминиум од руда.
За изработка на една лименка од суровина се троши толку многу енергија колку што е потребно за рециклирање на 20 лименки!

 


© Web Design: UnaDesign