банер

5R Концепт

5R концептот е практичен надградба на одржливиот развој и дава многу конкретни предлози за одржлива иднина.

5R концепт

Рециклирај


 

Разградување

Што е разградување (декомпозиција)?
Декомпозиција или разградување на некоја супстанција е процес при кој супстанцијата се разделува на елементите од кои е составена. Велиме дека настанала декомпозиција на материјалот кога тој веќе не личи на материјалот каков што некогаш бил. ‘Рѓосувањето на металите и гниењето на растенија се форми на декомпозиција.

Како се разградува отпадот?
Многу од материјали кои ги користиме секојдневно се направени да бидат трајни. За жал, тоа значи дека времето за нивно разградување ќе биде подолго, откако тие ќе станат отпад.
Разградувањето на супстанциите е со различна брзина, во зависност од животната средина во која се наоѓаат. На пример, металните предмети побрзо се разградуваат во вода (особено морска) отколку на копно. Пластиката побрзо се разградува ако е изложена на УВ зраци од Сонцето. Растенијата побрзо се разградуваат ако се ставени во топла, влажна средина, каква што е во контејнерите за компостирање.
Во принцип, супстанциите што имаат растително или животинско потекло побрзо се разградуваат отколку другите материјали. Неодамна научниците успеале да направат пластични материјали што побрзо се разградуваат благодарение на тоа што во нив вградиле некои растителни супстанции.
Сепак, најдобар начин да се намали отпадот во животната средина е повторната употреба и рециклирање на материјали, со што отпадот всушност не станува ѓубре.

 


© Web Design: UnaDesign