банер

5R Концепт

5R концептот е практичен надградба на одржливиот развој и дава многу конкретни предлози за одржлива иднина.

5R концепт

Рециклирај


 

Стакло

стакло

Што е стакло?
Изработката на стакло е многу стара вештина. Луѓето правеле стаклени шишиња уште пред 70.000 години. Стакларите во старо време користеле процес во кој дувале во растопено стакло и со рака го обликувале. Денес, повеќето производи од стакло се произведуваат во големи фабрики со компјутерски контролирани процеси.

Луѓето ги користеле стаклените садови, и сè уште ги користат во голема мера, заради неколку добри причини. Стаклото ја одржува свежината и вкус на производот. Проѕирно е, освен ако не е обоено со многу темна боја, така што може да се види што има во внатрешноста. Стаклени шишиња може да се чуваат во ладилник за ладење, а може да се користи и во микробранови печки.

Рециклирање на стаклото

Стаклени шишиња може лесно да се рециклираат. Стаклото е одделува во зависност од бојата: проѕирно, зелена и кафена. Бојата на стакло не може да се отстрани со топење во печките, па затоа важно е стаклото да се сортира според бојата. Ако се помеша стакло во различни бои, новото стакло ќе има нова боја - кафеаво зелена.
Металните капаци треба да се одвојат, а етикетите од хартија може да останат. Ако со стаклото за рециклирање се помеша метал, новото стакло ќе биде многу кревко.
Шишињата треба да се измијат за да не се создаде непријатна миризба. После тоа може да се стават во посебни контејнери и / или да се однесенат во собирните центри за стакло.

Различни видови на стакло

Некои предмети може да имаат форма и изглед на стакло, но тие не се направени од исти состојки како и правото стакло. Прозорско стакло, огледала, чаши од кои пиеме, чинии, вазни и керамика не треба да се ставаат во контејнери за стакло. Овие материјали може да ги оштетат печките за топење да го уништат квалитетот на рециклирано стакло.
Некои типови на стакло, како што шофершајбните на автомобили се рециклираат во форма на топчиња кои подоцна се користат при правење на патишта. Ова стакло исто така, не треба да се меша со другото стакло за рециклирање. Ако сакате да знаете каде тој тип на стакло се депонира за рециклирање, контактирајте ги компаниите што го собираат отпадот.
Запомнете - само тегли и шишиња се оставаат во контејнери за рециклирање на стакло!
Шишињата и теглите не ги кршете, затоа што скршеното стакло потешко се сортира.

Зошто се рециклира стаклото?

Со рециклирање на стаклото се заштедува енергија, природни ресурси и се зачувува животната средина. Рециклирањето е пожелно затоа што стаклото полесно да се топи од песокот и затоа печката за топење може да се загрева на пониска температура, а со тоа се заштедува енергија.
Исто така, со рециклирање на стаклото, тоа не оди во ѓубре, и на тој начин ја штитиме животната средина.

 


© Web Design: UnaDesign