банер

5R Концепт

5R концептот е практичен надградба на одржливиот развој и дава многу конкретни предлози за одржлива иднина.

5R концепт

Рециклирај


 

Рециклирање на гума

автомобилска гума

Повеќето од искористените гуми завршуваат на депонија, каде што е потребно многу време за да се разградат. Поради својата големина и облик тие заземаат многу простор и тешко е да се задржат закопани бидејќи тие имаат тенденција да се движат кон површината. Бидејќи гумите се лесно запалив материјал, опасно е да се држат во складови.
Најдобар начин да се реши проблемот со искористените гуми е рециклирање. Гумите можат да се исечат и рециклираат во нови производи, како што се ѓонови за чевли, подлоги за компјутерски глувчиња, простирки против лизгање во бањите, па дури и лежечки полицајци.
Научниците пронашле начин за рециклирање на гуми во синтетичка течност која може да се користи наместо нафта или други нафтени производи. Со рециклирање на гумите не само што добиваме нови производи туку и го намалуваме загадувањето бидејќи имаме алтернатива за фосилните горива.
Обидете се да дознаете каде може да се дадат стари гуми за рециклирање.

 


© Web Design: UnaDesign