банер

5R Концепт

5R концептот е практичен надградба на одржливиот развој и дава многу конкретни предлози за одржлива иднина.

5R концепт

Рециклирај


 

Компостирање

Што е компостирање?
Компостирање е процес во кој растенијата изгниваат така што изгледаат како земја. Компостирање природно се појавува кога паѓаат лисјата, умира дрво или кога падне некоја гранка, при што хранливите состојки се враќаат во земјата. Ако остатоците од овошјето, зеленчукот или од градината ги ставаме во сад за компостирање, овој процес може да го забрзаме и хранливиот компост да го користиме во нашата градина.
Постојат три големи причини за користење на компост:

Како се прави компост?

  1. Повеќето луѓе користат контејнер во кој ги собираат остатоците од овошје, зеленчук или градинарски отпад. Било што може да послужи како сад за компост: пластични кофи, метални кутии со дупки, дел од градината ограден со тула или жица.
  2. Постојат два вида на органски материјали кои можат да се комбинираат за брзо добивање на добар компост.
    • "зелен" - остатоци од кујната, зелени лисја, кафе, грав, билки и вреќички чај.
    • "кафеав" - мртва органска материја каква што е сламата, сувите лисја, весници или струготини.
    1. Со цел да се забрза распаѓањето, потребна е бактерија од земјата, малку стар компост или ѓубриво.
    2. Ако компостот е премногу сув или премногу мокар, распаѓањето нема да биде брзо и ефикасно. Материјалот за компостирање треба да биде влажен.
    3. Бактериите побрзо го разградуваат отпадот, ако тој е топол. Ако се остави компостот во затворен сад, процесот ќе биде побрз.
    4. За да се направи вентилација на компостот, повремено може да се размешува.

Аеробно и анаеробно компостирање

Начинот на компостирање зависи од бактериите кои го разградуваат материјалот:

  1. На аеробните бактерии им треба кислород за да го разградат органскиот материјал. Редовно мешање на компостот им носи воздухот на бактериите.
  2. Анаеробните бактерии живеат во места без кислород. Анаеробните бактерии побавно создаваат компост од аеробните. Често, компостот може да стане смрдлив.

Како да се решат проблемите кои може да се јават при компостирање:

Безбедно компостирање
Животните како на пример црви, инсекти, пајаци и слично се чести посетителите на градините и компостот. Овие животни се сосема безопасни.
Животни како што се глувците или стаорците може да се населат во садот за компостирање. Обратете се на возрасните за да ги отстранат.
Болни растенија може да развијат нездрави бактерии. Вакви растенија не треба да се ставаат во компостот затоа што може да се прошират бактериите.
Изметот од кучињата и мачките може да прошири некои бактерии. Како ѓубриво во компостот користете само измет од животни кои се хранат со растителна храна, како коњите или овците.

Други методи на компостирање

Компостирање во големи количини
Компостирањето во големи количини ги прават компании. Големи количини на органска материја, како што се остатоци од дрва се ставаат на голем куп и се оставаат да изгнијат.
Компаниите користат големи машини со кои го мешаат овој материјал додека не стане компост. Компостот се пакува во кеси и се продава или се транспортира со камиони до расадниците каде се расфрла по земјата.

 


© Web Design: UnaDesign