банер

Одржлив развој


погледнете го видеото "Одржливост"
Природни ресурси

Што се природни ресурси?

Природен ресурс го нарекуваме сè она што доаѓа од земјата - растенијата, животните, водата, дрвјата, нафтата и металите. Природните ресурси ги користиме за производство на електрична енергија, за одгледување на земјоделски култури и возење автомобили. Всушност, сè што јадеме, користиме или купуваме е направено од природен ресурс, или е природен ресурс.
Природните ресурси се насекаде околу нас и ние многу брзо ги искористуваме. Многу ресурси се исцрпуваат побрзо отколку што може да бидат надоместени со нови. Мора да не загрижува фактот дека некои ресурси целосно ќе се потрошат, ако не се намали нивната потрошувачка. Ова е сериозен проблем, бидејќи целиот жив свет зависи од овие ресурси.

Обновливи и необновливи ресурси

Обновливите ресурси можат да се заменат или повторно да се создадат. Еден од обновливи ресурси е сончевата енергија.
Необновливите ресурси не може да се заменат, еднаш кога ќе се потрошат, потрошени се засекогаш.

Одржливо користење на ресурсите

За да биде користењето на природните ресурси одржливо, мора да внимаваме кои ресурси и како ќе ги користиме. Мора да се запрашаме дали навистина ни се потребни.

Искористување на ресурсите може да се смета одржливо кога нивното искористување може да трае речиси вечно и тоа нема да влијание врз животната средина. За да се оствари тоа треба да се:

На луѓето секогаш ќе им требаат природните ресурси за живот и затоа кога ги трошиме, мора да се мислиме на идните генерации.
 


© Web Design: UnaDesign