банер

Одржлив развој


погледнете го видеото "Одржливост"
Рибарство

Рибата - обновлив или необновлив ресурс?

Рибите се важен природен ресурс. Тие се извор на храна за милиони луѓе низ целиот свет и се чини дека ги има бесконечно многу. Дали навистина ги има?
Рибите, кон кои внимателно се однесуваме, се смета дека се обновлив извор на енергија, бидејќи во тој случај рибите може нормално да се репродуцираат. Дури и ако се уловат големи количини на риба, останува доволно подмладок за да ја продолжи врстата.
Сепак, бројот на риби драстично се намалува поради прекумерниот лов кој оневозможува рибата да се репродуцира на вообичаен начин.

Прекумерен риболов

Низ целата историја, човештвото ги користело океаните, езерата и реките како извор на храна. Во минатото, рибарите користеле традиционални методи на риболов, ловеле доволно риба за да ги прехранат своите семејства и да продадат еден дел од ловот за да заработат пари, но при тоа во водите останувало доволно риба. Денес, меѓутоа, рибарските чамци се сè поголеми и поголеми, се користат големи мрежи за риболов и се фаќа сè повеќе и повеќе риба.
Во последните педесет години, поголемите чамци и новите технологии овозможиле сè полесен и полесен риболов. Сонар се користи за лоцирање на јата од риби, а долги, дури и по неколку километри мрежи се користат за да се фатат тони риба во еден замав. Во таков лов, се фаќаат и многу млади риби кои никогаш нема да пораснат за да бидат во можност да ја продолжат својата врста. Бројноста на рибите станува се помала и помала. Некои видови риби се блиску до потполно изумирање. Локалните рибари не можат да фатат доволно риба за да им конкурираат на големите рибарски компании.

Одржлив риболов

Бидејќи водените базени (езерата, морињата и океаните) се големи тешко е со точност да се каже каква количина на риболов е одржлив начин во рибарството. Многу луѓе веруваат дека враќањето на традиционалниот риболов, наместо досегашниот со големи мрежи е начин за одржливост во риболовот. Традиционалниот начин на рибарење е по погоден за животната средина во водените базени, а воедно се намалува и бројот на другите животни што случајно страдаат во риболовот.
Кога купувате риба проверете ја нејзината врста. Некои врсти стануваат ретки затоа што премногу се ловат и се во опасност од исчезнување. Обидете се да купувате риба која ја има во вашата област или купувајте риба од рибници во кои рибата на соодветен начин се одгледува за прехрана.

Риболов - факти и бројки

 


© Web Design: UnaDesign