банер

Одржлив развој


погледнете го видеото "Одржливост"
Водата како природен ресурс

Водата на сите им е потребна

Ништо не може да живее без вода - повеќето од животните, но и луѓето можат да преживеат само неколку денови без вода.
Водата покрива две третини од нашата планета, но повеќето од таа вода не е за пиење. Всушност, 97% водата е во океаните, солена, а остатокот е замрзнат во огромни санти мраз. Помалку од 1% и припаѓа на водата што ние ја користиме за пиење, капење и наводнување на културите.

Циклусот на водата

Иако вода се смета за обновлив ресурс, на Земјата има ограничени количини на вода. Не можеме да создадеме нова вода. Целата вода на планетата се движи низ природата во затворен циклус, кој се состои од пет фази: испарување, потење, кондензација, врнежи и акумулација (собирање). Водата во реките, езерата или океаните се загрева под дејство на сончевата топлина и се претвора во водена пареа. Процесот на испарување се забрзува со зголемување на температурата и присуството на ветерот.
Мала количина на вода стигнува во атмосферата од растенија, животни или луѓе (преку дишење, потење, итн.)
Во горните делови од атмосферата, под дејство на студениот воздух водената пареа кондензација и се собира во облаци. Овој процес се нарекува кондензација. Кондензацијата се случува и во пониските слоеви во атмосферата, во форма на роса и магла. Иако вода се смета за обновлив ресурс, на Земјата има ограничени количини на вода. Не можеме да создадеме нова вода. Целата вода на планетата се движи низ природата во затворен циклус, кој се состои од пет фази: испарување, потење, кондензација, врнежи и акумулација (собирање). Водата во реките, езерата или океаните се загрева под дејство на сончевата топлина и се претвора во водена пареа. Процесот на испарување се забрзува со зголемување на температурата и присуството на ветерот.
Мала количина на вода стигнува во атмосферата од растенија, животни или луѓе (преку дишење, потење, итн.)
Во горните делови од атмосферата, под дејство на студениот воздух водената пареа кондензира и се собира во облаци. Овој процес се нарекува кондензација. Кондензацијата се случува и во пониските слоеви во атмосферата, во форма на роса и магла.

циклус на водата

Врнежи се јавуваат кога кондензираната вода се спојува во поголеми капки. Овие капки не можат да останат споени, се разделуваат и се враќаат назад на земјата како дожд, град, лапавица или снег.
Кога водата ќе падне на Земјата, таа се апсорбира во земјата, испарува или враќа во реките, езерата или морето. Ова се нарекува акумулација - собирање.
Овој циклус се повторува.

Од каде доаѓа чистата вода?

Постојат ограничени резерви на чиста вода, а ние почнеме да ги искористуваме побрзо отколку што можат да се обноват. Ако еднаш водата стане загадена, многу е тешко да се исчисти.
Повеќе од половина од вода за пиење доаѓа од подземните извори. За да се акумулира оваа вода биле неопходни илјадници години, а ние ја трошиме на бескрајно брз начин.
Потоците, реките и езерата содржат големи количинаи на чиста вода. Овие количини се намалуваат затоа што многу вода се користи за наводнување на посевите. Некои од резервите неповратно се уништени од загадување со отпад, хемикалии и отпадни води од индустријата и населбите.

Водата и биодиверзитетот

Човечката раса не е единствената на која и е потребна водата. Со намалување на резервите на чиста вода, загрозени се многу екосистеми во реките и езерата.
Прекумерното користење на водата може да доведе до сушење на природните извори на вода. Овие извори, и растителниот и животинскиот свет што зависат од нив, всушност, играат важна улога во екосистемот.
Од друга страна, сушењето на речните корита влијае на растењето на алгите кои многу брзо се развиваат и ја покриваат површината на водата. Тоа го блокира протокот на сончева светлина, се намалува износот на кислород во водата, а со тоа се намалува и биодиверзитетот во овие области.
Киселите дождови кои се создаваат поради загадувањето на воздухот, ги направија некои области од Европа и Северна Америка невозможни за животот на растенијата и животните.

Водата како ресурс - факти и бројки

Водата е често користен ресурс. Таа се користи во земјоделството и индустријата. Следи преглед што покажува колку вода се искористува за производство на некои производи:
 


© Web Design: UnaDesign