банер

Одржлив развој


погледнете го видеото "Одржливост"
Земјоделство

Што е земјоделството?

Земјоделството е производство на храна и влакна. Луѓе со илјадници години одгледувале животни или саделе растенија со кои се хранеле. Денес, многу луѓе кои живеат во градовите се потпираат на земјоделците и нивните ресурси. Фармерите ги користат новите технологии, начини на одгледување и хемикалии со цел да се зголеми производство на храна на нивните посеви, со која ќе се исхранат што повеќе луѓе.

Хемикалии во земјоделството

Во последните педесет години, земјоделците се потпираат на хемиски ѓубрива кои внесуваат во земјата повеќе хранливи материи со што се зголемува приносот на културите. Кога врне, некои од овие хемикалии може да се прелеат во околните водени текови. Под нивното влијание почнуваат да растат алги - мали водни растенија што личат на слуз. Кога алгите ќе се прошират по површината на реката го спречуваат продирањето на сончевата светлина и кислородот, што доведува до смрт на други растенија и животни.
Многу фармери ги прскаат културите со пестициди за да ги уништат инсектите, плевелот, болестите и другите штетници. Иако ова може да биде од голема помош за земјоделците, прекумерната употреба на пестициди може да биде штетна и токсична за човекот и животната средина. Некои пестициди се задржуваат во почвата со години и на тој начин доаѓаат во храната што ја јадеме. Други пестициди се излеваат во речните токови, каде што може да им наштетат на рибите или да ја затрујат водата за пиење.
Земјоделците мора да ги разберат предностите и недостатоците во користењето на хемикалиите и мора да бидат крајно внимателени во нивното користење.

Земјоделството и салинитетот

Земјоделството многу зависи од здравата почва на која се одгледуваат растенијата и животните. Во повеќето почви има слој од вода длабоко под површината. Дрвјата го користат овој слој од кој со своите длабоки корени ја црпат оваа вода. Кога од некоја област ќе се отстранат многу дрвја, овој слој може да се премести нагоре до тој степен што подземните води ќе почнат да се појавуваат на површината.
Ако водата е солена, откако овој слој ќе се искачи до висина од два метри под површината, солта ќе ги уништи сите растенија. Има многу области каде што е невозможно да растат растенија, бидејќи почвата станала премногу солена.

Земјоделството и водата

На некои култури им требаат големи количини вода за да успеат - повеќе од она што го добиваат од дождот. Поради тоа, многу земјоделци имаат поставено системи за наводнување на нивните култури. Често, во водите кои се користат за наводнување има мала количина на сол. Со честата употреба на оваа вода на површината на почвата, со текот на времето, може да се изгради толку многу сол што таа ќе стане неплодна.
Водата што истекува од солената површина на почвата на крај завршува во реките и езерата. Замената на големи количества на свежа вода од реките и езерата со ваква солена вода влијае на водните екосистеми кои стануваат нездрави за рибите, растенијата и другите животни кои живеат во нив.

Одржливо земјоделство

Одржливо земјоделство значи нов начин на размислување за тоа како да им се помогне на фармерите во производството на храна, а истовремено да се зачува животната средина. Некои од работите што ги прават земјоделците се:

Земјоделство - факти и бројки

 


© Web Design: UnaDesign